Список и клинички дефиниции на здравствени состојби кои се пријавуваат со Алерт системот за рано откривање на епидемии на заразни заболувања

АЛЕРТ системот е заснован на клиничкиот наод, односно присуство на одредени симптоми и знаци. Со цел унифицирање на начинот на пријавување за сите учесници во системот, неопходно е да постои дефиниција на случај.

Дефиниција на случај е збир на симптоми и знаци кои мора да бидат присутни кај пациентот за да биде ставен во одредена категорија.

Од увидот во постоечките дефиниции на случај во системите со синдромско пријавување, разгледувањето на нашите проблеми и искуства, а по сугестија на стручни лица како од нашата земја, така и од референтни странски и меѓународни институции, одлучено е во Република Северна Македонија да се пријавуваат сомненија на следните состојби:

1. Сомнение  на инфекција на горните респираторни патишта

Секое лице со зголемена температура и барем еден од следните знаци или симптоми:

  • Ринитис (серозна или пурулентна секреција од носот),
  • сува кашлица,
  • црвенило и/или болка во грлото, со или без оток и болна осетливост на лимфните жлезди на вратот.

2. Сомнение  на инфекција на долните респираторни патишта

Секое лице со следните знаци и симптоми:

  • зголемена температура,
  • кашлица, со или без искашлок,
  • акутна диспнеа, со или без

    - општа малаксаност,
    - болка во градите,

  • Сомнение на акутна инфекција на долните респираторни патишта кај деца помлади од 5 години;
    Секое дете помладо од 5 години со следниве знаци или симптоми:

    - кашлање или тешко дишење;
    - дишење 50 пати или повеќе во минута за деца од 2 месеци до 1 година;
    - дишење 40 пати или повеќе во минута за деца од 1 до 5 години.

3. Сомнение  на исипни трески, без варичела

Секоја болест со

  • акутен почеток,
  • зголемена температура  и
  • макуло-папулозен исип,со или без

    - црвенило и/или болки во грлото,
    - хиперемија на горни респираторни патишта,
    - зголемени регионални лимфни жлезди.

 

4. Сомнение  на менингоенцефалитис

Заболување со нагол почеток, зголемена температура и два или повеќе од следните симптоми и знаци:

  • тешка, дифузна главоболка,
  • повраќање без гадење,
  • болна вкочанетост на вратот,со или без

    - фотофобија,
    - мачнина,
    - фарингитис со ексудат,
    - пореметување на свеста,
    - невролошки испади,
    - петехијален или пурпурален исип.

За деца помлади од две  години, критериум е:

  • зголемена температура
  • наод на напната фонтанела
  • и/или иритабилност.

 

5. Акутна водена дијареа

Појава на 3 или повеќе воденасти (течни) столици во претходните 24 часа со или без

  • дехидратација,
  • болки во стомак,
  • стомачни грчеви,
  • повраќање.
  • повраќање.

 

6. Акутна крвава дијареа

Појава на повеќе слузави столици со видлива крв во претходните 24 часа, со или без

  • дехидратација,
  • болки во стомак,
  • стомачни грчеви.

 

7. Сомнение  на акутни инфективни жолтици

Појава на акутна жолтица (жолта пребоеност на белката и кожата),
со или без

  • слабост и малаксаност,
  • темна урина,
  • светла столица,
  • анорексија,
  • мачнина,
  • болка под десен ребрен лак.

 

8. Сомнение  на акутни хеморагични трески

Акутен почеток на треска, во период пократок од 3 недели кај тешко болен пациент и било кои два знаци/симптоми од следните:

  • петехијален или пурпурален исип,
  • крвавење од нос,
  • хематемеза,
  • хемоптизија,
  • олигурија или анурија,
  • крв во столица,
  • секоја друга хеморагична манифестација без позната причина.
 
     
   
     
   
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
   
 
Дома | Вовед | Упатства | Софтвер | Пријавување | Извештаи

© EWARN 2008