|
Промоција на веб портал за АЛЕРТ проектот |
18.12.2008 |
|
Во Република Северна Македонија континуирано функционира системот за рано известување и надзор над заразните заболувања, со посебен осврт на рано откривање на епидемии (АЛЕРТ-EWARN), спроведен во соработка помеѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација.
Со цел за поголема достапност на информациите на лекарите кои се учесници во овој систем на пријавување, размена на информации и полесна евиденција на неделните и месечните извештаи, добиени преку АЛЕРТ системот, направен е веб портал, кој е во функција од септември 2008 година.
Министерството за здравство во соработка со Светската здравствена организација ќе одржи промоција на веб порталот на 24 декември во хотел Холидеј Инн. |
|
|
|
|
|
|
|